Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самка Ибраимоски ќе влезе во трката за претседател на државата

Самка Ибраимоски ќе влезе во трката за претседател на државата

Лидерот на Партијата за еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски, ќе влезе во трката за претседател на државата. Тој вели дека ќе се кандидира за претседател за да се пребројат гласовите на ромската етничка заедница.

Вели дека партијата треба и официјално да одлучи по анализите кои се во тек, но сепак е извесно, додава, дека ќе се кандидира.

Смета дека има доволно богата политичка кариера зад себе, за да добие поддршка од 10.000 гласови, а уште повеќе на изборниот ден.

Потписи ќе собораат и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите и Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести