Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сами не можат, па бараат агенција: Собраниски тендери за патувањата и сместувањата на спикерот и пратениците

Сами не можат, па бараат агенција: Собраниски тендери за патувањата и сместувањата на спикерот и пратениците

Собранието распиша тендер за Aнгажирање на агенција за сместување во земјата и странство. Законодавниот дом бара агенција која ќе ги сместува пратениците и спикерот во хотели кога ќе патуваат во земјава и надвор, а имајќи предвид дека е отворен процесот за евтоатлантските интеграции на земјава тие имаат набиени агенди.

Покрај тендерот за агенција за хотелско сместување, Собранието распиша и тендер за авиобилети.

Според тендерот проценета вредност на договорот без ДДВ е 13.000.000 денари или околу 211.000 евра а тој за авиобилети има проценета вредност на договорот без ДДВ е 13.000.000 денари.

Од Собранието за медиумите велат дека имаат проблем кога пратениците одат на пат да обезбедат хотели а тврдат и дека агенциските провизии не се големи.

„До сега тоа го правеа повеќе собраниските служби, во зависност која делегација патува. Собираа понуди од агенции и се одбираше најповолната.Сега планот е тоа да го прави посебна Агенција која треба да понуди најниски понуда за хотели. Тоа е проценета сума, не значи дека цела ќе ја потрошиме, но во планот за јавни набавки е проектирана врз база на тоа колку се трошело претходните години“ – рекла генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова за ТВ24.

Критериуми за доделување на договорите е најниската понуда.

Таа агенција ќе има задача на Собранието да му понуди минимум хотели со три ѕезди кои се оддалечени до километар од местото каде што се одржува настанот.

Слично

Поврзани вести