САМА ДОШЛА ВО ПОЛИЦИЈА - да пријави дека со тап предмет си го убила невенчаниот сопруг
Денеска претпладне во тетовската полиција 39-годишна жена се пријавила дека половина час претходно го убила невенчаниот сопруг. Таа истакнала дека употребила тврд предмет при убиството на 51-годишниот маж.
„Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет“, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
На местото на настанот извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело предадено е за обдукција. По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
