Сам се киднапирал за да земе од татка си 10.000
За да земе од
сопствениот татко 10.000 евра, 25-годишен жител на беровското село
Будинарци дошол до идеја да прати
СМС порака на својот родител во која наведува дека е киднапиран и бара откуп од
10.000 евра. измислил и фингирал сопствено грабнување за да земе 10.000
евра од својот татко. Порака со
слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа.
57-годишниот татко вчера во Берово го пријавил случајот, како и тоа дека откако ги оставил парите на наведената локација, син му се вратил дома. Веднаш потоа, синот, кој наводно бил киднапиран бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, каде го признал делото, а парите му биле вратени на таткото. Тој е приведен и против него е поднесена кривична пријава.
