Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саљији: Довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за Алмир

Саљији: Довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за Алмир

Министерот за правда, Билен Саљији  вечерва си поднесе оставка од функцијата. 

Тој на прес конференција објасни дека оставката е мотивирана од неуспехот околу случајот со малиот Алмир. 

„Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка” - рече Саљији.

Toj смета дека е важно граѓаните да имаат доверба во институциите. 

Јавниот обвинител Љубомир Јовески нагласи дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање. За реакциите на четворица обвинители Албанци рече дека тоа е непрофесионално. 

Слично

Поврзани вести