Економија, финансии, бизнис

Контакт

Салиу: Апсолутно немам никаква вина за пожарот во Кочани

Салиу: Апсолутно немам никаква вина за пожарот во Кочани

Министерот без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, кој е еден од осомничените за пожарот во Кочани, пред две недели е пуштен од затворски притвор.

Денеска ја даде и првата изјава за неговото гледиште на истрагата што се води и вели дека апсолутно не чувствива никаква одговорност како поранешен директор на ДЗС.

- Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај.

Јас сум правник по вокација и доктор по политички правни науки, 18 години сум бил адвокат и сум работел по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали тука има вина или нема. Лично, со срце и со душа, максимално одговорно тврдам дека апсолутно немам никаква вина, рече Салиу.

Министерот истрагата пак ја искоментира како „потребна, и во која секој е невин додека не се докаже спротивното“ и додаде дека максимално ја почитува.

Слично

Поврзани вести