Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сали тврди дека дел од лекарите користеле протоколи од други држави, но вели тоа не е грешка

Сали тврди дека дел од лекарите  користеле протоколи од други држави, но вели тоа не е грешка

Дел од докторите користеле протоколи од други држави. 

Ова го кажа министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното гостување на Канал 5  и вели дека тоа не е грешка.

„Протокол има, но можеби сме мрзеливи да читаме протокол од 35 страници.
Вчера на Комисијата за заразни болести зборувавме како да направиме форма на протоколот кој може да биде достапен и јасен за јавноста. Бидејќи овој протокол е многу стручно напишан и нема да се разбере. Ако се објави во вакви стручна форма, може да дојде до злоупотреба и одредени поедници сами да се лекуваат“, вели Сали.

Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.

Слично

Поврзани вести