Сали побарал вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“
Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција изјави дека побарал вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“.
Преземени се серија мерки.
„Испративме допис до ДСЗИ веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во болницата. Побарав информации од инспекторатот дали во последните три годии се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите. Агенцијата за лекови Малмед иницираше вонреден и надзор во однос на тоа дали е почитувана или не е почитувана потстапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод на лекување на ковид-19. Според првичните информации не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клиниката и овој наод ќе го добиеме уште во текот на утрешниот ден. Третата постапка е спроведување на бараните стручни надзори во лекувањето на пациентите во клиничката болница „Жан Митрев“. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и ќе го доставам до надлежните институции“, додаде министерот.
Тој закажа и прес конференција за в среда во 11 часот.
