Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сали Бериша е разочаран од Пендаровски и вели чест било што ќе имаме улица именувана по Адем Демачи

Сали Бериша е разочаран од Пендаровски и вели чест било што ќе имаме улица именувана по Адем Демачи

Она што ме повреди е реакцијата на Пендаровски, мислам дека е избрзана, вели екс албанскиот претседател Сали Бериша. 

Поранешниот претседател и екс-премиер на Албанија, на социјалните мрежи ја коментираше посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија.

Косовскиот премиер присуствуваше на свеченост во Чаир за преименување на улица која сега го носи името на Адем Демачи. Бериша вели дека тоа е чест за Скопје, Македонија и за целиот регион.

„Она што ме повреди во оваа приказна е реакцијата на претседателот на Северна Македонија на именување на улица во Чаир по Адам Демачи, европскиот Мандела, лауреат на наградата Сахаров на Европскиот парламент. Во овој контекст, негативната реакција на претседателот Пендаровски на овој чин – чест за Скопје, Северна Македонија и целиот регион, мислам дека е избрзана и болна за секој либерален граѓанин на нашиот регион и уште повеќе за секој Албанец кој го смета Адем Демачи за национален херој“, вели Бериша.

Тој најостро ја осудува реакцијата на како што го нарече „непоправливиот албанофобичен Александар Вучиќ“. Српскиот претседател Вучиќ посетата на Курти ја нарече скандал над скандалите. 

Бериша вели дека Вучиќ е малиот Путин, а Косово и Македонија имаат многу нишки на пријателство. 

Пендаровски, побара организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир да бидат санкционирани поради кршење на законските одредби во однос на употребата на државното знаме, химната и знамињата. Во Тетово се вееше карта на Голема Албанија. 

Политичкиот аналитичар од Србија Миљан Јовиќевиќ истакнува  дека Албанците сакаат да присвојат дел од Македонија во т.н. „Голема Албанија“.

Поранешниот претседател на Координативниот центар за Косово и Метохија, Небојша Човиќ, изјави дека посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на Северна Македонија е незаконска, како и дека одредени земји од Квинтa го толерираат однесувањето на Курти и неговите секојдневни провокации, пренесува РТС.

фото Фејсбук/ Сали Бериша

Слично

Поврзани вести