Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАВТЕ ДА ПАТУВАТЕ ВО ТУРЦИЈА - еве што ќе мора да имате со себе

САКАВТЕ ДА ПАТУВАТЕ ВО ТУРЦИЈА - еве што ќе мора да имате со себе

Сите патници кои од понеделник ќе допатуваат во Турција, ќе треба да бидат тестирани и негативни на коронавирус.

Ова, како што пренесуваат Ројтерс и Асошиејтед прес, го најавил турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Оние патници кои нема да покажат негативен ПЦР, направен во рок од 72 часа пред нивното пристигнување, нема да смеат да се качуваат на летови кон Турција, рече Коца. Условот ќе важи до март.

Правилото се очекува да важи за сите патувања по копно и море од среда.

Коца рече дека патниците кои пристигнуваат со авион од Велика Британија, Данска и Јужна Африка ќе бидат ставени во карантин при пристигнувањето во Турција, заедно со барањето да се достави негативен тест за поаѓање.

Турските безбедносни сили нема да дозволат новогодишни настани да се одржуваат во хотели и изнајмени вили за време на националниот карантин од 31 декември до 4 јануари, изјави пред новинарите турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од ТАСС.

Министерството за внатрешни работи на Турција забрани каква било забава во хотелите низ целата земја од 31 декември до 4 јануари. По 22.00 часот на деновите на ограничувања, на хотелскиот менаџмент не му е дозволено да пушта музика, а по овој пат е забранета и музика во живо. Министерството нареди да не се дозволува гужва во хотелите, вклучително и во местата за пиење.

Слично

Поврзани вести