Сакате на Хаваите? Бараат работници, плата 60.000 долари
Најголем проблем со кој на Хаваи се соочуваат е недостиг на наставници.
Во оваа струка се бараат дури 1600 работници, а најголема и најтешка задача е да се задржат овие кадри на островот. На Хаваи често се менуваат наставниците, а најчесто си заминуваат оние кои дошле од копно. Кажуваат дека не можат да живеат на Хаваи и се селат.
Ако просечната плата е 56.000 долари, државата дава бонус од уште плус 6.000 долари за професори. Посебно се бараат професори по математика и наука.
Оваа информација се прошири во многу медиуми во светот, каде се пишува дека Хаваите нудат работа на рајско место.
Заинтересираните повеќе информации можат да најдат на http://www.hawaiipublicschools.org/.
Слично
