Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ, А ИМАТЕ СКРОМЕН БУЏЕТ: Има начин истражувањето на различни дестинации да биде поевтино

САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ, А ИМАТЕ СКРОМЕН БУЏЕТ: Има начин истражувањето на различни дестинации да биде поевтино

Постои начин да се заштеди дури и ако станува збор за патувања и истите да се реализираат со поскромен буџет. Луѓето можат да патуваат надвор од сезоната, да бираат поевтино сместување, да патуваат автостоп и слично. Голем број странци веќе го практикуваат истото. Лиде Стојановска, туристички водич од Кратово вели дека во текот на својата работа сретнала туристи кои имаат различни приказни и се трудат да бидат економични, односно со помалку пари да посетат повеќе места.

„Има различни типови на туристи. Некои сакаат повеќе луксуз, а некои сакаат да заштедат повеќе за некое следно патување или пак имаат таков начин на живот и патуваат постојано. За да заштедат туристите при патување се одлучуваат за различни опции: патување во група низ повеќе балкански држави во пократок временски период, автостоп, сместување во приватни сместувања или во хостели, па дури и сместување кај луѓе кои што примаат туристи без да им наплатат за преспивање. Некои странски туристи се одлучуваат и да патуваат низ Македонија и Балканот со ранец или со камп приколки“, објаснува Стојановска.

Таа често води балкански тури и тие се поекономични од индивидуалните. На тој начин туристите посетуват повеќе држави и градови низ Балканот,  заштедуваат пари и време.

„Исто така имав можност да запознаам еден пар што патуваат со ранец низ светот-Ема од Шпанија и Томас од Америка. Ги запознав во 2019 година кога братучед ми ги качил по пат накај Кратово и јас им помогнав да најдат сместување во Кратово. Тогаш Ема имаше 55 години, а Томас 75 години. Сè уште сме во контакт и сè уште патуваат низ светот на истиот начин. Моментално се во Малезија. За да заштедат, но и за да ги избегнат гужвите дел од туристите се одлучуват да патуваат надвор од сезона. Кога не е шпицот на сезоната може да се најде поевтино сместување, па дури и рестораните може да се поевтини“, додава Стојановска.

Во однос на влезниците за музеите, во некои земји има поволности за студенти или други категории. Има земји со прецизен јавен превоз кој е објавен онлајн и туристот може да провери со кој превозник патувањето до соседниот град е најевтино. Многу јутјубери ги споделуваат своите искуства од посета на евтини држави, но пред да се тргне на пат, добро е да се провери и безбедноста на самата земја. Често има рангирања на држави кои се безбедни за соло патници. Ова може да им послужи на луѓето кои сами тргнуваат на патување. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести