„Сакаме да дишеме“, порачаа младите на протест во Скопје
„Сакаме да дишеме“, порачаа младите на протест во Скопје, кој е организиран со цел да ги алармираат надлежните да преземат мерки.
„Маршот за воздух“ го организираа триесетина граѓански иницијативи кои се борат против загадувањето на воздухот.
Тие протестираа пред Министерството за животна средина од каде се упатија кон Собранието, и кон Владата.
Душко Груевски од иницијативата „Битола сака воздух“ кажа дека не очекува Владата да ги исполни нивните барања, бидејќи, како што вели, на власта поважни и се интересите на олигарсите отколку на граѓаните.Марш за воздух се одржа и минатиот месец.
Вечерва Скопје е 10-ти најзагаден град на светот, објавено е на air visual.
Kуманово и Тетово се исто така високо загадени.
Битола воведува бесплатен превоз.
Учениците во Скопје денеска бојкотираа настава поради аерозагадувањето.
Слично
