Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети“: професорката Најчевска со 'новогодишни желби'

„Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети“: професорката Најчевска со 'новогодишни желби'

Сакам да живеам во Македонија во која на раководни позиции доаѓаат луѓе со интелигенција над собна температура и морал над уличен џепарош.

Сакам да живеам во Македонија во која наставниците добиваат највисоко можно образование, плати на ниво на среден менаџмент и поддршка од централната и локалната власт.

Овие и уште многу други желби објави на социјалните мрежи професорката и општествен критичар Мирјана Најчевска. 

Таа укажа дека сака да живее во Македонија во која се стеснуваат улиците, а се прошируваат пешачките патеки, во која градскиот превоз е основниот превоз кој го користат луѓето, во која се рушат сите бесправно изградени објекти и на нивно место се градат паркови и игралишта и во која не смее да се промени урбанистичкиот план пред да поминат 5 години од претходната промена.

Еве го списокот од сите нејзини желби: 

Сакам да живеам во Македонија во која коцкарниците, црквите и џамиите се претвораат во библиотеки.

Сакам да живеам во Македонија во која јавото здравство е на повисоко ниво од приватното.

Сакам да живеам во Македонија во која заштитата на животната средина е поважна од профитот.

Сакам да живеам во Македонија во која не смее да има “продавници“ за пари, брзи кредити и слична лихварска багра.

Сакам да живеам во Македонија во која даноците на добивка се најголеми за оние најбогатите и најмали за оние најсиромашните.

Сакам да живеам во Македонија во која верската и етничката припадност се дел од личното убедување и се наоѓаат во приватната сфера.

Сакам да живеам во Македонија во која патните трошоци на пратениците и сите функционери се на ниво на автобуска/железничка карта од втора класа, а платите се врзани за висината на минималната плата.

Сакам да живеам во Македонија во која различноста не е основа за дискриминација.

Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети.

Сакам да живеам во Македонија во која вредноста на човекот се мери според знаењето, а не според партиската припадност.

Сакам да живеам во Македонија во која судиите се луѓе со знаење и интегритет а не закачалки за судиските одори.

Ете јас да си посакам - напиша на крајот Најчевска. 




Слично

Поврзани вести