САКАЛЕ ДА И ГО ОДЗЕМАТ ТЕЛЕФОНОТ НА НОВИНАРКА ВО КАРПОШ - интервенирала полицијата, ЗНМ бара почитување на работата на медиумите
Здружението на новинари на Македонија бара почитување на правата на медиумските работници и заштита во текот на вршењето на нивната дејност.
Тие посочуваат дека пријавени се неколку случаи на попречување во работата на новинарските екипи, поради што бараат да се почитува нивната ангажираност.
- Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места.
ЗНМ апелира до ДИК, општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места.
До ЗНМ утрово беа пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи.
Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите - се посочува во објавата на ЗНМ.
Во нивната објава укажуваат дека на една новинарка која присуствувала на избирачко место во Карпош била попречена да известува, дури имало обиди да и биде оземен мобилниот телефон и интервенирала полицијата.
Друг случај е приваен во Охрид каде на екипи на јавниот сервис им било забрането да снимаат под оправдување дека е потребна акредитација од ДИК.
Уште еден проблем се појавил во Тетово каде исто така новинар бил спречен да земе изјава поради недостиг на акредиатција.
Од ЗНМ покрај апелот за почитување на новинарските екипи побара и новинарите со себе да носат акредитации за полесно остварување на комуникациите.
Слично
