Сакал со туѓ пасош да помине на Табановце
Албанец со туѓ пасош сакал да помине на граница.
На Граничен премин Табановце, во 2.15 часот по полноќ при пасошка контрола, поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, е приведен А.Х.(24) од Република Албанија. Тој на увид приложил патна исправа на име К.А.(20) од Република Албанија.
Во 03.45 часот лицето е предадено на полициски службеници од кумановската полиција за понатамошна постапка.
Слично
