Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАЛ ДА ПРЕГАЗИ ПОЛИЦАЈЦИ - потоа тие му пукале во колата

САКАЛ ДА ПРЕГАЗИ ПОЛИЦАЈЦИ - потоа тие му пукале во колата

Не само што не запрел кога тоа му го побарале полицајците, туку и неколку пати се обидел да ги прегази. Затоа еден прилепчанец заработи кривични пријави.

Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното Јавно Обвинителство од тој град поднело кривична пријава за постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ,,Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, против лицето 35-годишниот Д.Х.К од Прилеп. 

„На 19.03.2020 година по претходна Наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело,,Предизвикување на општа опасност", истиот при проверката не бил пронајден. Од страна на полициски службеници, лицето е пронајдено како управува патничко возило марка,, Ауди А6" со прилепски ознаки, кое е забележано на улица,, Прилепски бранители". Со службено полициско возило даден е знак да застане но истиот се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод, каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но тој не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници. Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени, од страна на полициски службеник, употребено е огнено оружје во левиот пневматик,по што возилото запрело“, го опишува МВР инцидентот. 

Во возилото биле затекнати две лица Д. Х. К (35) и З.Ј (37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп на осомничениот Д. Х. К му определил мерка притвор.

Слично

Поврзани вести