Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАЛ ДА ГО ЗАТАШКА СЛУЧАЈОТ: Полицаец кој го обезбедувал домот на Заев, го напуштил работното место и пукал

САКАЛ ДА ГО ЗАТАШКА СЛУЧАЈОТ: Полицаец кој го обезбедувал домот на Заев, го напуштил работното место и пукал

Кривична пријава e поднесена против полицаец кој го обезбедувал домот на поранешниот премиер Зоран Заев, а го напуштил работното место и пукал со пиштол. 

Полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка.

„Имено, пријавениот Т.А. на 29.06.2024 година околу 6,20 часот, во својство полициски службеник, напуштајќи го работното место каде извршувал задачи по наредба за вршење на служба, како посебно обезбедување во домот на поранешен премиер, заминал на улица „Бетовенова“, каде се сретнал со лицето А.Е., брат на Е.Е. со кои претходно биле договорени да остварат средба и додека разговарале пријавениот Т.А. во еден момент со службен пиштол испукал неколкупати, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Притоа, тој не го пријавил настанот, повторно се вратил на работното место и по завршувањето на смената, се раздолжил со опремата и си заминал“, се вели во соопштението на полицијата. 

Тој се обидел преку неговите колеги, полициски службеници П.П. и С.Д  кои биле испратени на местото на настанот да го заташка случајот. Ваквиот обид не бил пријавен од нивна страна при што за истите е поднесен предлог за утврдување на дисциплинска постапка.

Слично

Поврзани вести