САКАЛ ДА БИДЕ ХУМАН СО КОНЦЕРТ ЗА БОЛНО МОМЧЕ - но еве што му се случило на музичарот Пеце
Сакал да помогне и да направи хуманитарен онлајн концерт, но бил прободен во раката со нож од сосед кому му пречела музиката.
Ова му се случило на битолскиот музичар Пеце Петровски, кој има 29 години. Тој викендов, во саботата вечерта, добил убод од нож во пределот на раката, а тоа му го сторил негов сосед, бидејќи му пречела музиката за време на онлајн концертот кој Петровски го пренесувал на социјалните мрежи.
Ова свое непријатно искуство музичарот Петровски го сподели и на социјалната мрежа фејсбук.
„Ви Благодарам на сите што синоќа го следевте нашиот Fb Live концерт посветен на малиот Лука. Се одјавивме порано и без најава бидејќи бев нападнат од сосед од соседна зграда со нож и имам телесна повредa на раката .Му Благодарам на Бог што поминав со толку. Ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму за малиот Лука.Поздрав и секое добро.Со Почит Пеце и другарите“, напиша Пеце на својот фејсбук профил.
Малиот Лука од Битола е момче кое има аутизам, а музичарот Пеце сакал да ја подигне свеста за луѓето со вакво заболување.
