- Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Стојкоски, денес, растреперен, сакајќи да ја демантира Левица, се демантираше себе, нивниот министер Таравари и јавно ги потврди наводите на Левица за неговото пречекорување на службените овластувања.
Како што претходно истакнавме, за располагањето со општинскиот објект, спротивно на законите, не беше информиран ниту Советот на Општината Ѓорче Петров, а камо ли истиот да донесе Одлука како што налагаат законите и хиерархијата на локалната самоуправа! Единствена информација за тоа што се случува со старото општинско седиште беше прес-конференцијата на Стојкоски, бугарскиот амбасадор и донатор, и министерот Таравари кој истакна дека општинскиот објект е дониран! - објави вчера вечерта претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев.
Како што посочуваат од партијата во нивната објава, „денес самиот Стојкоски потврди дека извршил кривично дело и ги заплеткал прстите во корупција. Законот за локалната самоуправа и Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост се децидни дека во име на општината, со стварите во општинска сопственост располага советот на општината!“, се нагласува во обраќањето.
- Оттука, за намерата за издавање под закуп, предметот, условите, периодот и други битни елементи – одлучува и ги определува советот на општината преку одлука и го овластува градоначалникот да го склучи конкретниот договор за закуп.
Ниту еден претходнодонесен подзаконски акт не може да биде над законите, хиерархијата, суштината и ингеренциите на советите како одлучувачки органи во единиците на локалната самоуправа.
За крај, го советуваме Стојкоски да го остави на страна штабското другарство и да си најде пообразован и искусен правен тим - заклучуваат од „Левица“.
Претходно, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за домашните медиуми посочи дека општината нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години.
- Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години. Морам да напоменам, просторот на старата општинска зграда е издаден. Повторувам, издаден. Ниту е дониран на невладината организација „Во мојот свет“, согласно критериуми кои што сме ги поставиле во огласот за изнајмување, а преку законски и транспарентен процес кој што го контролира министерството за финансии - изјави Стојкоски.
Стојкоски навави лична тужба и тужба од страна на општината против Левица.
- А јас исто така во консултација со мојот адвокатски тим ќе поднесам лична и тужба од општината Ѓорче Петров. Тоа што сакаат да го направат се должи на резултат на константно опаѓање на нивните гласови во Ѓорче, бидејќи за последните парламентарни избори имаа дури 30 посто помалце гласови од тоа што го имаа на локалните избори, посочи Стојкоски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Левица