Саитов дивеел со автомобил и на 14 години? Претходно фатен бил од полицијата
Саит Саитов, за кого е распишана меѓународна потерница по прегазувањето на ќената во Капиштец и бегството од земјата заедно со татко му, бил фатен како вози без возачка дозвола пред четири години кога бил 14-годишен.
Како што објави 4NEWS, младиот возач и претходно бил санкциониран за непочитување на сообраќајните правила. Уште во 2022 година, СВР Скопје му изрекла санкција на Саитов за управување возило без возачка дозвола (согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот). Овој податок покажува дека тој уште како малолетник управувал моторни возила без потребните познавања и дозволи.
Истата година, полицијата презела мерки и против неговиот татко. На него му била поднесена прекршочна пријава бидејќи свесно му го отстапил возилото на својот син, иако знаел дека тој нема положен возачки испит (согласно член 317 од истиот закон).
