Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сагата со прегазената Јелена продолжува: Обвинителството го проширува вештачењето на осквернавениот гроб

Сагата со прегазената Јелена продолжува: Обвинителството го проширува вештачењето на осквернавениот гроб

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на доказите при извршениот увид на гробот на прегазената Јелена Филиповиќ, за да се утврди дали единствениот мотив бил кражба на предмети.

Полицијата за ископувањето на гробот, осомничи тројца, од кои двајца од нив затвореници од Идризово кои биле на викенд отсуство и кои според обвинителството сакале од гробот да украдат златен накит за кој што слушнале дека е оставен во ковчегот.

На 10 октомври три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од нејзиниот гроб, а во моментов обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот.

Мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на Судија на претходна постапка е заменета со одземање на патните документи и задолжително јавување во Основниот суд Куманово. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.​

Ден пред ископувањето на гробот на 17-годишната кумановка Јелена, мајката пријавила закани во полиција. Кумановската полиција ја потврди заканата. 

„На 10.10.2021 година во 17.18 часот во СВР Куманово Г.Ф. пријавила дека околу 17.00 часот пред нејзината куќа на улицата „Мирче Ацев“ непознато лице и се заканувало. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата. 

Според сознанијата, пред куќата на Филиповиќ застанало ауди а3 со сива боја, а возачот е најден неколку минути по пристигнување на полицијата на друга улица и се бранел дека застанал не да се заканува туку затоа што снемал гориво.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ имаше во Куманово и Скопје. 


Слично

Поврзани вести