Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Со нетрпение очекуваме да работиме со новата Влада

САД: Со нетрпение очекуваме да работиме со новата Влада

САД ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање Влада на претседателот  на СДСМ, Зоран Заев. 

Во соопштението на американскиот Стејт департмент, објавено денеска стои дека оваа одлука претставува важен чекор напред за македонската демократија и за граѓаните на Македонија.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со новата Влада во справувањето со огромниот број предизвици со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ја и потребата за демократски реформи и целосно спроведување на Договорот од Пржино“ - се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Тие додаваат дека САД остануваат пријател и партнер на Македонија. САД остануваат посветени на поддршката на нејзината европска и евроатланска иднина.

Слично

Поврзани вести