САД со драстично намален рејтинг во Македонија
Лани, од сите европски земји, во Македонија имало најостар пад на „одобрување“ на политиките и лидерските одлуки на САД, покажа истражувањето на Галуп за 2018.
Поддршка на САД му дале 33 проценти од граѓаните, нивното водство не го одобриле 42 отсто од испитаницата, а останатите влегуваат во категоријата на анкетирани кои не се заинтересирани за политика или одбиваат да одговорат.
Во Македонија поддршката е падната за 12 отсто лани и е најголема од сите други европски земји, а потоа следуваат Словачка со намалување за 10 отсто, па Италија и Украина со по 9 отсто и Полска со 7 отсто итн.
Во светот, падот во Македонија може да се спореди како оној во Камбоџа, Иран и Турција.
САД најголема поддршка има во Албанија со 69 отсто.
