Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД се загрижени за руското влијание и сакаат успех меѓу Скопје и Атина

САД се загрижени за руското влијание и сакаат успех меѓу Скопје и Атина

Aмериканскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат вели дека тие се мошне заинтересирани да успее дипломатијата што во овој момент е во тек, мислејќи за односите меѓу Грција и Македонија. 

Пјат  кажа дека најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу процесот и перспективите.

„Она што би го кажал е дека е многу јасно за САД дека и двете страни, грчката Влада и Владата во Скопје ова го гледаат како момент за можност во смисла на тоа, ова прашање да го остават зад себе“ - изјави американскиот амбасадор.

Пјат објасни дека САД се загрижени за реалното руско влијание на Западен Балкан, а руското влијание е дополнителен поттик за Америка да работи и да инвестира за задржување на европскиот и евро-атлантскиот напредок на земјите од регионот.

Слично

Поврзани вести