САД одобри грант од 40 милиони долари за модернизација на македонската армија
„Неоправданата руска агресија врз Украина ја промени безбедносната архитектура. Економските последици по пандемијата на корона-вирусот и незадоволството со пролонгирањето на европската интеграција можат дестабилизирачки да делуваат на Западниот Балкан и затоа потребна е интензивна активности и силен фокус на овој регион од Европа“, рече министерката.
Беше кажано дека одбранбениот буџет годинава изнесува 1,77 проценти од БДП, а според НАТО стандардите треба да достигне 2 отсто до 2024 година, вклучително и на одредбата 20 проценти од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација.
Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер порача дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на армијата и дека само оваа година се планира вложување од дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333
Македонија од сад ќе добие експертска помош за дезинформациите како и 4,5 милиони долари за градење на капацитети за сајбер одбрана.
