Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Лажни обвинувања за вмешаност во гласањето во Собранието

САД: Лажни обвинувања за вмешаност во гласањето во Собранието

Ирационален и лажни се обвинувања на Москва дека официјални лица од Амбасадата на САД учествувале во процесот на гласање во македонскиот законодавен дом, гласи најновото соопштение од Вашингтон по обвинувањата од Москва.

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието на Република Македонија да иницира уставни промени потребни за спроведување на Договорот за Преспа со Грција и нагласува дека Договорот за Преспа е историска можност за промоција на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

"Овие обвинувања се апсурдни. Секоја сугестија дека претставници на Амбасадата на САД учествувале во процесот на гласање во Собранието е очигледно неточна. САД ја поздрави одлуката на Собранието на Република Македонија да иницира уставни промени потребни за спроведување на Договорот за Преспа со Грција. САД веруваат дека Договорот за Преспа е историска можност за промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот. " се вели во реакцијата.



Слично

Поврзани вести