САД го замрзнуваат издавањето имигрантски визи и за Македонија
САД привремено го запираат процесирањето на имигрантски визи за државјани од вкупно 75 земји, меѓу кои и Македонија, јавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен меморандум на американскиот Стејт департмент.
Според документот, конзуларните службеници добиле насока да ги одбиваат апликациите за имигрантски визи согласно постојниот закон, додека трае преоценка на процедурите за проверка и селекција на апликантите. Паузата ќе започне на 21 јануари и ќе трае на неопределено време, сè додека американските власти не ја завршат ревизијата на целиот систем за издавање имигрантски визи.
На листата се најдоа Русија, Сирија, Танзанија, Молдавија, Албанија, Алжир, Бразил, Ерменија, Азербејџан, Колумбија, Босна, Монголија и многу други.

