Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД го ставија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа

САД го ставија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа

САД го ставија струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко на црната листа. 

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот, Метју Mилер се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.

„Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењето на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата“, се вели во изјавата.

Мерко за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека не е информиран за одлуката на американскиот Стејт Депармент.

Слично

Поврзани вести