САД го соопштија својот став за промената на границите на Балканот
И САД се против прекројувањето на границите на Балканот.
Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот“.
САД се решени да им помогнат на земјите од регионот „да ги продлабочат своите регионални економски партнерства, да ги постигнат климатските цели, да се спротивстават на руското енергетско изнудување преку диверзификација и развој на чиста енергија и да се борат против корупцијата и организираниот криминал“.
ЕУ исто така е против промена на границите во регионот. Оваа тема се отвори откако медиумите во регионот пишуваа за нон пејпер на дека словенечкиот премиер Јанес Јанша, кој предвидува промена на границите на Балканот. Според објавеното, се предлага поделба на Босна и Херцеговина и обединување на Косово и Албанија.
