САД ги поздрави резултатите од референдумот
САД го поздрави исходот на референдумот во Македонија со резултат огромно мнозинство на гласови „За“ во однос на оние кои гласале „против“ и според овок критериум земјата треба да продолжо да го имплементира преспанскиот договор.
„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот, со што на Македонија ќе ѝ се дозволи да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ, придонесувајќи за регионалната стабилност, безбедност и просперитет, соопшти американскиот Стејт департмент.
По референдумот, преку дипломатското преставништво следува повик до пратениците да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, кои како што велат од таму, треба да продолжат.
Со оглед на тоа што македонскиот парламент сега почнува да размислува за уставните измени, ги повикуваме водачите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен учесник во западните институции, вели Стејт департментот во соопштението.
