САД ги обновија препораките за патување во Македонија
Граѓаните на САД можат безбедно да патуваат во земјава.
Центрите за контрола и превенција на болести укажаа на ниско ниво на коронавирусот во земјава и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД, јави дописникот на МИА од САД. Тие синоќа ги обновија препораките за патување во Македонија до ниво 1. Тоа значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.
Претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.
Во земјава имаме 197 активни случаи на коронавирусот.
Слично
