Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е историски чекор напред

САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е историски чекор напред

Амбасадата на САД во Скопје и Софија по пат на заедничко соопштение го поздравија договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

„Спогодбата потврдува блиски врски меѓу Македонија и Бугарија и демонстрира добра волја од страна на двете држави да ја зголемат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таков ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорни прашања помеѓу соседите и за јакнење на политичката стабилност и јакнење на економскиот развој на Западен Балкан. 

Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен на иднината“, се наведува во соопштението на амбасадата во Скопје и Софија.

Слично

Поврзани вести