Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сѐ поубаво звучи кога е завиткано во прозападна и проевропска обланда?!“: Ванковска со осрта реакција по навредите на европското првенство

„Сѐ поубаво звучи кога е завиткано во прозападна и проевропска обланда?!“: Ванковска со осрта реакција по навредите на европското првенство

По бурните реакции во јавноста за навредите кои ги искажа фудбалерот Мирљинд Даку по натпреварот во Германија, во рамки на европското првенство во фудбал, тој се извини. Но во неговото извинување не ги спомена Србите и Македонците кои претходно на големо ги навредуваше, што предизвика дополнителни реакции во јавноста, но и кај истакнати критичари и општествени чинители, меѓу кои и од професорката Билјана Ванковска. 

- Фудбалерот Мирљинд Даку се извинил за емоциите кои го понеле да псуе по Македонци и Срби. Репрезентацијата играла под мото “Албанија без граници”. Впрочем, таков е и составот на играчите: кој од Косово, кој од Македонија (покрај Албанија). А и во публиката имаше транспаренти со поддршка од Струга до Медвеѓа и Бујановац - напиша Ванковска на нејзиниот Фејсбук профил.

Притоа, Ванковска нагласи „веројатно тоа е тој “европски дух” на кој се закачуваат ваквите големодржавни и шовинистички национализми, кои во ЕУ гледаат начин да се обединат на мирен начин. Нели, сѐ поубаво звучи кога е завиткано во прозападна и проевропска обланда?!“

- Македонците пак од ЕУ очекуваат само и само да ги храни. Може и со трошки или коски фрлени како на куче под маса. За таа цел тие се откажаа и од себе си, името, историјата, културата, идентитетот. Ја поништија и оваа мала Македонија само за да бидат третирани како партнери во една дисфункционална “европска фамилија” - дополни Ванковска. 

Еве ја нејзината објава: 


Слично

Поврзани вести