„Сè она што се случуваше за време на власта на Груевски, се случува и сега со Мицкоски“: СДСМ со остра критика
Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува.
Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија.
Тој манир го имаат сите од ВМРО - ОКГ. Иста матрица, исто школо.
Ова го посочуваат денеска од опозициската СДСМ, од каде укажуваат дека Груевски мора да одговара пред законот, и дека иста судбина ги чека и премиерот Мицкоски и неговата банда.
- Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил.
Она што Груевски го правеше тогаш, а неговата банда го продолжува денес, Македонија ја чини скапо не само во пари, туку и за иднината, децата, на младите.
Корупцијата, тендерите, кражбата на државата и уништувањето на институциите, сето тоа нè чини скапо и нè држи назад.
Изјавата како прашање на Груевски „кој е сега на власт во Македонија?“ и неговото чудење зошто Министерството за правда зборува за екстрадиција и собира документи, најдобро ја покажува селективната правда на која ВМРО-ОКГ е навикнато. За нив тоа е сосема нормално - нагалсуваат од СДСМ.
Потоа додаваат дека „токму тој систем Мицкоски го продолжува“.
Според нив, премиерот поставува свои луѓе во судството, обвинителството, полицијата.
- Целосна партизација на системот, целосна контрола над наводно „независните“ институции.
Уште една потврда дека демократија нема кога ВМРО-ОКГ ја презема власта.
Сè она што се случуваше за време на власта на Груевски, се случува и сега со Мицкоски.
Чиста автократија, диктатура на еден човек.
Министерот Филков од ЗНАМ, кое настана од отпадници на СДСМ, сателит на ВМРО и дел од тендер коалицијата, е поставен токму на тоа место поради работата која долго време се подготвувала, да не биде ВМРО тој кој ќе го ослободи или ќе го апси Груевски.
Македонија мора повторно да стане слободна земја, без криминал и корупција за да може да продолжи по европскиот пат - нагласуваат од партијата.
Потоа додаваат деак „СДСМ еднаш веќе ја ослободи Македонија од оваа криминална група. И повторно ќе го стори тоа“.
На крајот истакнаа дека „неговите ученици и наследници предводени од Мицкоски, ќе одговараат пред законот. Груевски побегна. Но Мицкоски и неговата банда ќе чекаат одговорност! Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“.
Слично
