Руте вели дека не е „црно - бело“ и дека има шанси Македонија и Бугарија да се договорат
Според премиерот на Холандија, Марк Руте, Бугарија и Македонија се блиску до изнаоѓање компромис за спорот што всушност ја спречи Македонија да се движи кон членство во ЕУ.
Тој вели дека никогаш не е „црно - бело“.
„Сè уште мислам дека тие би можеле да дојдат до заедничка позиција“ во наредните денови, рече Руте.
Вчера холандскиот премиер рече дека проценува „50, 60 проценти шанси за пробив следната недела“. Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави денешното гласање на бугарските пратеници. Тој дека француското претседателство со ЕУ ќе работи „во следните часови“ за да го преточи овој текст во договор на ниво на ЕУ.
Слично
