Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руте вели дека е горд што ја избрал Шекеринска за заменичка

Руте вели дека е горд што ја избрал Шекеринска за заменичка

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Собранието, посебно се осврна на изборот на Радмила Шекеринска за негова заменичка, истакнувајќи дека тој самиот ја донел одлуката таа да биде назначена на оваа позиција.

Тој изрази благодарност до Шекеринска за знаењето и искуството што таа ги носи во НАТО, кои, како што рече, се од големо значење и за него и за алијансата, кога се разгледуваат и се решаваат безбедносните предизвици за нашиот регион и подалеку.

„Како што знаете, Радмила беше член на ова Собрание, и служеше во владата на Северна Македонија. Таа беше одличен избор за да се придружи на водечкиот тим на НАТО. И можам да го кажам тоа со сигурност, бидејќи моја беше одлуката да ја назначиме. И многу сум горд на тоа“, рече Руте.

Шекеринска на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО беше назначена на 19 ноември 2024 година, а ја презеде на 2 декември. 

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести