Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русковска за аферата „Мафија“ прво ќе почека на реакција од Спасовски

Русковска за аферата „Мафија“ прво ќе почека на реакција од Спасовски

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска за ТВ Алфа изјави дека ќе даде шанса МВР како надлежна институција да поведе постапка за случајот со 200 пасоши со лажни идентитети издадени на шефови и членови на нарко картели од регионот и пошироко за кој брифираше ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил лична карта

Доколку тоа не го сторат МВР и министерот Спасовски, Русковска најавува дека по допрен глас може да реагира обвинителството.

“Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција”, изјави Русковска, додека од министерот Спасовски, ниту од МВР се уште нема реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за организирана шема на поединци од власта кои досега издале такви документи, со лажен идентитет, на најмалку 200 лица од подземјето во регионот, но имало и лица од држави на азискиот континент и од Јужна Америка, а од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за тоа треба да знаат и министерот за внбатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.

Од најголемата опозициска партија тврдат декаовие документи ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.


Слично

Поврзани вести