Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКОВСКА СО ГОЛЕМА СИГУРНОСТ ЗА 27 АПРИЛ: Се било испланирано судија, само не се знаел датумот

РУСКОВСКА СО ГОЛЕМА СИГУРНОСТ ЗА 27 АПРИЛ: Се било испланирано судија, само не се знаел датумот

Во завршните зборови во судскиот процес за организаторите за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска пред судијата кажа дека се се знаело и сè било испланирано. 

Претходно, на почетокот на рочиштето, таа го измени обвинението на што реагираа адвокатите на обвинетите и до судот приложи нови СМС пораки од кои, според Русковска, се гледа дека на настаните во Собранието им претходела координација и сè било направено според план и дека и општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти сведочењата на сведоците дека не биле организирани, добивале СМС пораки со партиски насоки.

Обвинителката направи и паралела на настаните во македонското Собрание со немирите во американскиот Конгрес и потенцираше дека во САД прво биле евакуирани конгресмените, а во тоа биле вклучени и политичките противници.

„Сè се знаело, сè било испланирано, само не се знаел датумот. Обвинетите знаеле што прават, не биле изманипулрани. Сè фрлиле на една карта, да се спречи избор на претседател на Собранието и да се спречи формирање на Влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство“, рече Русковска.

На рочиштето обвинителката го спомна и поранешниот премир Никола Груевски.

„Во почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање на влада, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Никола Груевски изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок со акти на насилство за примопредавање на власта и организирале протести и постојано го намалувале бројот на полициски службеници. Презеле мерки за да се изврши непречено влегување во Собранието, ангажирале лица за да извршат насилство. Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги повикал граѓаните на протести со зборовите „народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“. Вељаноски требало да оневозможи избор на претседател на Собранието, Јанакиески и Ристовски непосредно и секојдневно ги организирање протестите, Владимир Атанасовски и Никола Бошкоски кој е недостапен, а тогаш бил вработен во УБК, ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводени од Кољо И Нинџа“, рече обвинителката Русковска.

Трајко Вељаноски требало да оневозможи избор на претседател на Собранието, со помош на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Оливер Спасовски со потпис на 10 пратеници предложил да се премине на точка избор на претседател на Собранието, тој тоа не го дозволил. Русковска ги кажа воинствените и поттикнувачки пораки што ги праќал Вељаноски од својот мобилен: „Мораме да удриме јако”, „Ќотек за комуњарите во Прилеп”… Зборот ќотек тој често го употребува до 27 април 2017 година.

По пораката „Ако треба и со жив штит ќе спречиме избор на претседател на Собранието“ на мониторите се појави жив ѕид од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на што Русковска рече: „Еве го, чесен суде, го живиот ѕид“.

Одбраната праша какви се овие слики во позадина на завршен збор, а судијата рече дека за тоа се изведени докази и дека во завршен збор на одбраната и таа ќе може да илустрира на ист начин со веќе изведени докази, ако сака.

„Улогата на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски била да ги организираат протестите „За заедничка Македонија”, додека улогата на обвинетите Владимир Атанасовски, била да укаже поддршка со акти на насилство и да се спречи изборот на претседател на Собранието“, рече обвинителката Рускоска.

Обвинителката Рускоска, посочи дека обвинетите Јанакиевски и Спировски, редовно го информирале обвинетиот Велјановски, за протестите. Во ова прилика обвинителката читаше дел од исказот на Александар Василевски – Нинџа, кој претходно изјави дека обвинетиот Владимир Атанасовски и Никола Бошковски (не е достапен на органите на прогонот) „ги координирале патриотските здруженија во протестите „За заедничка Македонија”.

Според обвинителниот акт кој таа го презентираше поради измените пред да даде завршен збор, сега осудените Нинџа и Кољо одржувале постајани средби во кафе бар „Аристократ“, а сопственик бил Нинџа, правеле молотови коктели, ги координирале и водачите на патриотските здруженија со цел по секоја цена да се спречи мирното предавање на власта.

Слично

Поврзани вести