Русковска: Случајот со Беса Транс е затворен во Бугарија со единствена вина кај возачот
Поранешната шефица на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во емисијата „Inside 21“ рече дека, според нејзинити информации, случајот со несреќата на автобусот, при што загинаа 45 македонски државјани, е затворен во Бугарија.
„На колегите од Бугарија им ги предадовме сите материјали кои ги имавме. Колку што имам информација, случајот во Бугарија е затворен, наводно дека шоферот бил виновен за страшната несреќа“, изјави Русковска.
Таа кажа дека одговорност мора да има и меѓу нашите институции и дека не може случајот да биде затворен само со префрлена цела вина на возачот.
„Бидејќи предметот е во надлежност на Јавното обвнителство, немам информации до каде е. Но, некој мора да сноси одговорност, со оглед дека немале лиценци за меѓународен сообраќај на лица, и не само од компанијата, туку цариници и полицајци, затоа што тие автобуси многу често поминувале преку граница“, рече Русковска
