Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русковска побарала од Милошоски да најде сведоци што би ги поткрепиле снимките

Русковска побарала од Милошоски да најде сведоци што би ги поткрепиле снимките

Првата снимка што ја донесе Милошоски, како и оваа вчера, се дадени на вештачење. Така што, го чекаме наодот на вештачењата. Обвинителката Вилма Русковска денеска вака одговори на новинарските прашања во врска со снимките кои пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ги достави до неа, а за кои тои тврди дека се индиции за злоупотреба на службената должност на Заев.

Таа го замолила Милошоски да обезбеди и сведоци што би ја поткрепиле снимката.

„Исто така, Милошоски го замолив доколку може, нормално, да обезбеди некои сведоци кои би го поткрепиле тоа што е на снимката, и на едната и на другата“, рече Русковска.

Нагласи дека тој од неа побарал да обезбеди снимки од кабинетот во Владата од цел мај минатата година, што рече дека е несериозно, „затоа што којзнае колку луѓе биле во кабинетот на тогашниот премиер за месец дена“.

„Доколку посочеше конкретен датум сигурно дека ќе се побараше снимка“, додаде обвинителката.

Слично

Поврзани вести