Русковска негира дека „Империја“ е во застој: Вештачењето е пред крај
Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека случајот „Империја“, кој потекна од СЈО, е во завршна фаза.
На прашањето зошто случаите, кои се од интерес на јавноста, а меѓу нив е и „Империја“, не се меѓу главните приоритети на Обвинителството, Русковска одговара со прашање
„А, зошто мислите дека не се приоритет?, прашува обвинителката.
На коментарот дека истрагата трае со години, Русковска вели
„Видете, некаде во декември месец 2019 е заведен тој предмет во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и можам да ве уверам дека не е во застој и колку што имам информација и таму вештачењето е во завршна фаза, вели Русковска.
Во СЈО, истрагата за „Империја“ ја водеше обвинителката Лиле Стефанова, а откако предметот премина во редовното обвинителство, и се приклучи и колешката Гордана Смаќовска.
На 10 сепптември годинава бизнисменот Јордан Камчев во судница рече дека за предметт Империја се води истрага 43 месеци.
„И од кога се предадени предметите до Републичкиот обвинител од страна на СЈО, поминати се 22 месеци. По сите законски одредби, рокови, се живо е надминато во однос на тој случај. Било што и да имала обвинителката, после 43 месеци, до сега ќе подигнела обвинение. Не знаејќи што да прави, 45 месеци во истрага ми го наведува како дел од притворскиов предмет во Плацеви. Па ако не е срамота, е трагедија, рече тој.
