Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русковска го искоментира упадот во Капитол Хил и настаните од 27 април кај нас

Русковска го искоментира упадот во Капитол Хил и настаните од 27 април кај нас

Oние слики што ги видовме некако ми се вратија сликите од Собранието кај нас, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска по судењето за настаните на „27. април на прашањето дали има сличности помеѓу случувањата и насилниот упад во Капитол Хил и кај нас во Собранието. 

Таа кажа дека не може да направи паралела, иако и оние кои упаднаа таму беа окрактеризирани како домашни терористи како и кај нас.

Најмалку пет луѓе се убиени кога хулигани и приврзаници на екс претседателот на САД, Доналд Трамп влегоа во зградата на Конгресот на Капитол Хил на 6 јануари и се судрија со полицијата, по протестот на кој граѓаните изразија незадоволство, сметајќи дека претседателските избори во ноември лани биле наместени.  Како што пишуваат американските медиуми, полицаецот Брајан Сикник починал како резултат на судирот со поддржувачите на Трамп. Покрај него, беа убиени уште четворица, меѓу кои и ветеранот на военото воздухопловство, Ешли Бебит.

Слично

Поврзани вести