Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русковска: „Бомбите“ може да се докази и во ОЈО

Русковска: „Бомбите“ може да се докази и во ОЈО

Ако Специјалното јавно обвинителство им ги предаде и обвинителите од Основното јавно обвинителсво (ОЈО) може да ги користат материјалите од прибавените прислушувани разговори, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. 

Откако Врховниот суд вчера донесе одлука со која СЈО нема право да покренува обвиненија за случаи по истекот на 18 месеци од превземањето на материјалите, во јавноста остана дилемата дали предметите кои беа отворени подоцна, во кои се води истрага за Бујар Османи, Али Ахмети, Антонио Милошоски, Зоран Ставрески, Сашо Мијалков но и други функциинери ќе паднат во вода. Некои експерти сметаат дека СЈО може да им ги даде на ОЈО отворените предмети ама дека „бомбите“ нема да можат да бидат користени како докази. Русковска вели дека тоа не е баш така.

-Зошто? Кога тие снимки беа предложени како доказ од СЈО првостепениот суд ги одби, но по одлука на Апелација тие станаа доказ во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи. Не е битно кој постапувал по предметот, кое Обвинителство, сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд. Тоа е мое мислење. Ќе видиме што ќе се случи доколку ни ги предадат предметите – вели обвинителката.

Во врска со бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски, таа потврди дека на снимките кои Обвинителството ги добило од Црна Гора се гледа како тој ја преминува границата во возило со двајца унгарски дипломати. Од друга страна, рече, не е јасно зошто не се добиени снимките од Албанија.

-Сакам да и потенцирам на јавноста дека меѓународна правна помош од Република Албанија е побарана во исто време кога е побара и од Црна Гора. Колегите од Црна Гора постапија и ни ги доставија сите барани докази. А од кои причини не е постапено од страна на одговорните лица во Албанија, не ми е познато – посочи Русковска.


Слично

Поврзани вести