Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКОТО МНР ЈА ДЕМАНТИРА ВЕСТА ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА: Лавров тврди дека тоа е провокација!

РУСКОТО МНР ЈА ДЕМАНТИРА ВЕСТА ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА: Лавров тврди дека тоа е провокација!

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека статијата на македонската редакција на Дојче Веле, во која е направен обид на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да му се препише идејата за поделба на Македонија, претставува чиста провокација со цел да се подгреат тензиите во земјава.

„Лавров никогаш не давал изјави со слична содржина, додуша секогаш осудувал било какви слични наводи“, пишува во соопштението.

Министерството оценило дека идејата за поделба на Македонија стигнала од страна на американскиот конгресмен Дејне Рорабахер, истакнат во албанското лоби, пренесе Спутник.

„Очигледно е дека таа измислица е направена со цел за провокација, како би се извалкал имиџот на Русија на Балканот, но и подгревање на тензиите во Македонија“, додава руското министерство.

„Уверени сме дека таквите потези ќе доведат до побивање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија“, предупредува руското Министерство.

Слично

Поврзани вести