Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускоска вели дека има поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавниот обвинител

Рускоска вели дека има поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавниот обвинител

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва во интервју за Телевизија 24, потврди дека имало одлука за претрес кај обвинител, и дека се одземени еден, а се барале два мобилни телефони. Исто така потврди дека имало поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавен обвинител.

„Точно е дека имаше одлука за претрес кај обвинител, но само да се пронајде мобилен телефон. Се бараа два, а одземен е само еден телефон. Постои поврзаност помеѓу првоосомничениот и јавниот обвинител“, изјави Рускоска.

Досега од одземените предмети не е ништо вештачено, рече таа. 

Не е исклучена можноста истрагата да се прошири ако има цврсти докази. 
Слично

Поврзани вести