Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускоска: Протестите „За заедничка Македонија“ биле организирани од ВМРО-ДПМНЕ

Рускоска: Протестите „За заедничка Македонија“ биле организирани од ВМРО-ДПМНЕ


Обвинителката Вилма Рускоска по завршувањето на денешното рочиште за судењето на обвинетите организатори на настаните на 27 април во Собранието од пред три години рече дека протестите „За заедничка Македонија“ биле спроведувани од тогашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ова Русковска го заклучила по денешното сведочење на Михаил Младеновски, кој беше еден од оние кои упаднаа во законодавниот дом. Таа вели дека неговото сведочење ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицја, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. 

– Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Макеоднија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг, колку што ме интересираше, односно сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна, рече Русковска.

За организирање на насилството во Собранието се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков, кој е учесник при насилствата на 27 април 2017, на 13 мај ќе бидат повикани да сведочат на следното рочиште.


Слично

Поврзани вести