Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКОСКА ПОВЕЌЕ НЕ Е ОБВИНИТЕЛ: По разрешувањето најави пензионирање, еве што е одлучено за другите обвинителки

РУСКОСКА ПОВЕЌЕ НЕ Е ОБВИНИТЕЛ: По разрешувањето најави пензионирање, еве што е одлучено за другите обвинителки

Советот на јавни обвинители на денешната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Таа пак, за МКД.мк најави пензионирање. 

- Официјално јас сѐ уште сум во работен однос во Јавното обвинителство, но по денешната одлука на Советот на јавни обвинители ќе побарам од обвинителството да ми ги дадат документите и пред ФЗОМ ќе покренам постапка за пензионирање. Нема да се жалам на одлуката на советот - изјави за порталот МКД.мк поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал по нејзиното разрешување.

Од Советот пак посочија дека „заради заштита на угледот и интегритетот на јавните обвинители против кои се води постапката, јавноста беше исклучена од расправата по оваа точка, а гласањето беше јавно“. Советот најпрво едногласно ја отфрли како неоснована жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, а потоа едногласно го усвои и предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за нејзино разрешување.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, по седницата во изјава за медиумите, рече дека разрешувањето на Русковска е поради сторена тешка дисциплинска повреда, а дејствијата кои ги презела ќе бидат детално опишани во писмено изработената одлука, што ќе биде јавно објавена.

- Писмено изработената одлука ќе биде објавена на веб страната на Советот на ЈО и ќе може подетално да се запознаете со истата - изјави Димитриеска.

Во однос на одлуката за намалување на платата за 30 проценти во период од шест месеци на јавната обвинителка Ивана Трајчевска, Димитриеска рече дека, таа е донесена и е правосилна, и Секторот за финансиски прашања при ЈОРСМ треба тоа да го спроведе.

По спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во март годинава подонесе предлог за разрешување за поранешна шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, предлог за дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30 отсто од исплатената нето плата во траење од 6 месеци за јавната обвинителка Ивана Трајчевска, а за јавната обвинителка Елизабета Јосифовкса одлука да биде ослободена од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

Против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска беше отворена дисциплинска постапка од страна на Јавното обвинителство поради претресот во просторите на Управата за финансиска полиција летото 2022 година, додека директор на оваа институција беше Арафат Муареми.

Муареми тогаш јавно обвинуваше за незаконит претрес и најави и кривични пријави против трите обвинителки. Тогаш, по налог на Јовески беше извршен и надзор, по што од Јавното обвинителство излегоа со соопштение дека констатирале пропусти во постапувањето при претресот во УФП.

Советот на денешната седница, меѓу другото, донесе и одлука за формирање на комисии за подготвување на кандидатска листа и за спроведување за избори за членови на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип.

Фото: МИА 

Слично

Поврзани вести