Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускоска по притворот на Ристо Новачевски: Следува финансиско вештачење за купените плацеви на Водно

Рускоска по притворот на Ристо Новачевски: Следува финансиско вештачење за купените плацеви на Водно

Вилма Рускоска, јавната обвинилетка за организиран криминал, во утринската програма на „Студио 10“ на 24 вести рече дека следува финансиско вештачење за отворениот случај за купените плацеви на Водно за 1,3 милиони евра од страна на поранешниот премиер Никола Груевски, а за кои пред два дена во притвор заврши кумот од неговиот прв брак Ристо Новачевски.

„Ние побаравме замрзнување за имотот за кој е отворена постапката, конкретно за земјиштата. Не за имотот на кој било од осомничените сега. Станува збор за парцелите на Водно.  Станува збор за купување на земјиште наводно од лица кои не живеат во Македонија и по пат на денационализација се наследници на тоа земјиште. За да не биде на име на првоосомничениот, фирма од Белизе отвора фирма ќерка тука во Македонија, вторососмничениот е назначен како управител на таа ферма. Во повеќе наврати од мајката стигнуваат парични средства, а вистински сопственик на мајката фирма е четвртоосомничениот. Тој ги ставил на располагање документацијата и печатите на третоосомничениот кој преку адвокати ја основале фирмата ќерка и од сметаката се исплаќани парите на сопствениците на земјиштето. Имаме целосна документација за начионот на плаќање и за доаѓањето на средствата.  Трансакциите се преку банка во Кипар. Следува финансисиско вештачење на предметот и ќе мора забрзано да се работи, рече Рускоска во студиото.

Таа најави дека прво ќе има испитување на дел од сведоците, а потоа на осомничените. Сведоци се донатори на средства за партијата ВМРО-ДПМНЕ  кои воедно се и сведноци во два други случаи на поранешното СЈО, меѓу кои е и „Талир“

- Ова е започнат предмет од поранешното СЈО и колку време е во предистрага точно не знам. Но предистрагата во ОЈО ја започнавме во мај-јуни, но имаше периоди кога не можеше да се работи интензивно. Истрагата сега значи дека се собираат докази, а ако ги имаме доволно, ние како обвинители ќе одлучиме дали ќе има обвинение. За орутворениот сметавме дека постои голема веројатност да се даде во бегство и дека може да влијае на дел од сведоците кои се уште треба да се испитуваат, додаде Рускоска.

По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена Ристо Новачевски заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, информираа од Основниот кривичен суд.

Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 1,3 милиони евра, пари кои неколку години биле собирани како донации за партијата, ги искористил за да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно. 

За тоа му помогнал неговиот кум од првиот брак Ристо Новачевски. Во меѓувреме за да се изврши купопродажбата биле регистрирани еден куп фирми кои воделе до Белизе, а откако биле објавени прислушкуваните разговори, земјиштето започнало да се ситни.



Слично

Поврзани вести