Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускоска: Еден од осомничените во „Рекет“ се понуди за спогодба

Рускоска: Еден од осомничените во „Рекет“ се понуди за спогодба

Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција вечерва за медиумите изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет“ се понудил да се спогоди и да сведочи.

Осомничени за тој дел од истрагата што се однесува на предметот „Тврдина“ осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец.

Вечерва на распит беше и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Јовановски. За неа Рускоска потврди дека е побаран притвор, а утре судијата во претходна постапка ќе одлучи дали се прифаќа барањето на обвинителството.

Посебни мерки за одземање на пасошот, забрана за напуштање на престојувалиште, односно на градот Скопје, и пријавување во судот се побарани од судот за пратеничката Фросина Ременски, таткото на Јовановски и секретарката од Меѓународниот сојуз.


Слично

Поврзани вести